Прескокнете до содржината

Осознајте го процесот на разработка

Дознајте како да учестувате со ваши технички придонеси кон Викимедиините проекти.

Најдете проекти и задачи за нови учесници

Изберете од отворените проекти кои нудат менторство за нови учесници и најдете добри први задачи.

Направете разработувачка сметка

Највеќето технички простори на Викимедија користат разработувачка сметка за распознавање и овластување на корисниците. Направете бесплатна сметка за да почнете како технички учесник.

Најдете билети и следете проекти

Викимедија го користи Фабрикатор за раководење со задачи и пријавување на грешки. За да работите со задачи, направете сметка на Фабрикатор.

Прочитајте го правилникот на однесување

Правилникот на однесување во Викимедиините технички простори важи како за физичката, така и за виртуелната околина. Дознајте како да создадете отворена и срдечна заедница.

Дознајте како се поднесува код

Викимедија ги користи Gerrit and GitLab за кодна проверка. Пред да поднесете код на разгледување, запознајте се со алатките, процесите и најдобрите практики.