Прескокнете до содржината

Користете викисодржини

Најдете библиотеки на отворен код, почнете со употреба на приложникот или преземајте содржини на големо.

Вовед во Викимедиините проекти

Викимедиините содржини се организирани според проект и јазик. Секој проект има свој вид на слободна содржина, како на пр. енциклопедиските статии на Википедија, медиумските податотеки на Ризницата и структурираните податоци на Википодатоци.

Погледајте ги условите

Најголемиот дле од Викимедиината содржина е лиценцирана со Криејтив комонс, што овозможува слободно користење со припишување. На дното од секоја викистраница ќе ја најдете применливата лиценца.

Прелистајте ги библиотеките по програмски јазик

Библиотеките за приложнички клиенти го олеснуваат пишувањето на код кој содејствува со приложникот. Посетете го овој список за да ги прелистате популарните библиотеки за приложникот на МедијаВики по програмски јазик.

Користете го приложникот

Приложникот на МедијаВики ви дава програмски пристап со содржината на секое Викимедиино вики. Можете да го користите за пребарување и приказ на викистраници, за добивање на медиумски податотеки, уредување на страници и управување со викија.

Преземете ја содржината на големо

Пристап до слободни преземања на викисодржини и податоци што можете да ги користите за истражување, вонмрежно читање, ботовско уредување и други проекти.

Услуги за претприемништво

Викимедиино претприемништво (Wikimedia Enterprise) нуди комплет од приложници и услуги предвидени за високообемен комерцијален пристап до Викимедиините содржини и податоци.